Елените живееат во листопадните шуми, во рамнини и во планински предели. Воглавно се ноќни животни, кои дење се одмараат во засолништа.
zivotni
Monday, December 8, 2014
Елен
Елен
Еленот е силно и големо животно. Мажјаците се поголеми од женките, а на главите имаат големи, широко разгранети рогови. Роговите што по правило ги има само мажјакот, почнуваат да му растат 8-10 месеци по раѓањето и најпрво му се развива основата таканаречена рожиште. Првите рогови почнуваат да му растат дури од половината на втората календарска година и имаат облик на шило. Роговите на еленот редовно му паѓаат кон крајот на февруари или во почетокот на март, а до јули му се развиваат нови уште посилни рогови. Влакното на еленот е кусо, лете е со црвенкасто-кафеавкаста боја, а зиме станува сиво-кафеаво.
Делфин
Делфин
Делфинот е морски цицач. Тој е близок сродник на китот. Постојат речиси 40 видови на делфини распоредени во 17 родови. Тие варираат од 1,2 метри во големина и 40 kg во тежина, па сѐ до 9,5 метри и десет тони. Можат да се најдат насекаде во светските мориња, а најмногу во поплитките мориња на крајбрежните гребени. Делфините се месојади и најмногу се хранат со риби илигњи. Фамилијата на Delphinidae е најголема во редот Cetacea и релативно најмлада: делфините еволуирале пред околу 10 милиони години, за време на Миоцен. Овие животни се сметаат за едни од најинтелигентните, а нивното пријателско расположение и игривост ги направиле популарни во човечката култура. Делфинот живее во море или океан.
Џиновска панда
Џиновска панда

Џиновската панда (Ailuropoda melanoleuca) е член на фамилијатамечки (Ursidae), со природно живеалиште во централно-западна и југо-западна Кина . Првично се мислело дека ова животно припаѓа во фамилијата Procyonidae во која спаѓаат ракуните.
Ова животно е лесно препознатливо поради впечатливите црни дамки околу очите, на ушите и околу неговото тркалезно тело. Иако спаѓа во редот на месојадци, 99% од храната што ја внесува пандата е бамбусот. Освен бамбус јадат и мед, јајца, риба,портокали, банани и листови од некои грмушки. Џиновската панда живее на неколку планини во централна Кина, во покраините Сечуан, Шанси и Гансу, и е на листата на загрозени животни. Според последните информации, Кина има 239 панди кои живеат во заробеништво и уште 27 кои живеат надвор од земјата. Во дивината се проценува дека има 1590 панди. СпоредДНК истражување во 2006 година, се мисли дека можно е да има 2000 до 3000 панди во дивината.
Црвена панда
Црвена панда
Црвената панда (Ailurus fulgens) е мал цицач кој живее на дрво во источниот дел на Хималате и југозападниот дел на Кина. Таа е единствениот вид од групата Ailurus. Малку поголема е од домашните мачки и е црвеникаво-кафена, со долга бушава опашка, и тромав од поради тоа што предните нозе му се пократки. Се храни главно со бамбус, но спаѓа во групата на сештојади и може да се јаде и јајца, птици, инсекти и мали цицачи. Живее сам и е главно активен од самрак до зори, .а преку денот одмара. Црвената панда е класифицирана во групата на загрозени животни бидејќи оваа популација се проценува на помалку од 10.000 возрасни единки. Иако црвени панди се заштитени со националните закони земји во кои се застапени, нивниот број во дивината продолжува да се намалува пред се поради загубата на природното живеалиште и фрагментација, ловокрадството, и намалување на опстанокот и плодноста поради вкрстувањето.
Friday, December 5, 2014
Куче
Маче
Subscribe to:
Comments (Atom)